Job Fair - Саемот за вработување и кариера - им ја нуди можноста на студентите да учествуваат на работилници и тренинзи со различна содржина, но сите со кариерно поврзана тематика, да стапат во директен контакт со работодавците и да се информираат за понудата и главните активности на компаниите учеснички.
Во овие времиња на светска пандемија, врската помеѓу студентите и компаниите е потешка за одржување. Неможноста да се воспостави физички контакт, и да се дојде до квалитетен млад кадар, претставува сериозен проблем на пазарот на трудот.
Оваа есен, БЕСТ Скопје по 16ти пат ќе ги поврзе студентите од Република Северна Македонија со многубројни компании од земјата, како и надвор од неа. Организирањето на овој настан има за цел да ги приближи компаниите до тековните студенти, а пак студентите добиваат можност да дознаат повеќе за потребните квалификации кои се бараат од пазарот на трудот. Со таа цел, оваа година, Саемот за вработување и кариера - JobFair 2020, ќе се организира и одржи во виртуелна форма. Нашите компании - партнери, ќе ја имаат приликата да се претстават пред студентите, преку т.н. „виртуелни штандови“, кои ќе бидат дел од официјалната веб страна на настанот. Дополнително, за време на самиот настан, ќе се случуваат голем број на предавања, презентации и работилници од нашите партнер компании.
Резервирајте го своето место сега, за да бидете дел од овој настан и да сте во тек со сите релевантни информации!